🗓️ 2025-02-25

25ка

Наместо класична ретроспектива на 2024та, ќе направиме нешто поинакво овојпат. Во 2024та мислам дека се покажавме релативно добро - и покрај тоа што 2023та беше попродуктивна (барем по број на BeerJS настани).

BeerJS 25

Што направивме во 2024?

Во 2024та имавме 5 BeerJS настани:

Секој настан се одржа во Base42 и сите беа полни. Не броиме присутни веќе некое време, ама Base секако беше полн на секој од настаните. Имало спонзори или не, пиво имаше - што е една од побитните работи, би рекол 😁

Како и претходно, снимки има од сите презентации доколку пропуштивте нешто, можете да ги погледнете на нашиот YouTube канал.

Освен BeerJS, огранизиравме и панел дискусија (State of the Stacks) и во соработка со Base42 и Angular Macedonia, ја организиравме првата независна web development конференција во Македонија - WhatTheStack.

The times they are a-changin’

Во интерес на транспарентноста и ефикасноста на организацијата, ќе воведеме неколку промени:

Од логистички и практични причини, почнувајќи од 2025та, BeerJS Скопје се затвора за спонзорства. Спонзорствата, во формата во која што се правно дефинирани и целата администрација што треба да се помине за да ги добиеме, се едноставно премногу работа. Доколку сакате да не поддржите, парично или со пиво, пишете ни на [email protected]. На кратко, сеуште сме отворени за донации (бидејќи не вклучуваат екстра труд од наша страна), без разлика дали се на банкарска сметка или во кутијата во Base42. Претпочитаме да бидат во Base42. Причината е едноставна - кутијата во base е заедничка за сите настани што се одржуваат таму. Како заедница што е дел од поголемата ИТ заедница во Македонија, свесни сме дека не сите ја имаат публиката и спонзорските можности што ние ги имаме. Веруваме во “pay it forward” како идеја, и сметаме дека треба да има повеќе здрави ИТ заедници што нема да му ја мислат дали на настанот „ќе има пиво“ (или што друго и да треба да има).

И кога сме на тема пиво на BeerJS - секако дека ќе има, без гајле 😁. Ако сакате да помогнете конкретно со тоа, донесете по некое, има место каде да се чува во Base42.

Што ќе правиме во 2025та?

…што ме носи до насловот на текстот. Насловот е 25ка, бидејќи следното издание на BeerJS ќе биде 25-то по ред и се случува во 2025та година. Е сега, заради тоа што веќе подолго време организираме само 0.33 изданија на BeerJS, решивме да ги унифцираме броењето на настаните. Од сега натаму, нема да имаме два типа на BeerJS, туку BeerJS ќе биде само BeerJS. Најава за BeerJS 25 наскоро. Како и до сега, ќе продолжиме да ги организираме во Base42.

Идејата за спојување и унифицирање на настаните е во главно инспирирана од фактот дека BeerJS е сепак примарно meetup формат. Конференции се многу повеќе работа, и сметаме дека една годишно, што ќе биде навистина голема (како што е WhatTheStack), е доволно.

Во 2025та можете да очекувате повторно 5 изаднија на BeerJS, WhatTheStack vol. 2, State of the Stacks (што ќе го направиме дел од WhatTheStack)… и можеби уште нешто 😉


Доколку имате идеи за презентации, сугестии како да се подобриме, и сл. слободно пишете ни на [email protected].