Press Kit
Упатства за брендирање
- Било кое од двете логоа се прифатливи за користење за репрезантација на BeerJS Скопје.
- Обидете се да го користите логото / текстуалната содржина без модификации. За неопходни модификации, ве молиме да се консултирате со нас.
Глобално лого на BeerJS
Лого на BeerJS Скопје
Опис
Beer.js Скопје, организиран под покровителството на DeveD и дел од глобалната Beer.js организација, е средба наменета за љубителите на пиво и JavaScript. Иако уживањето во пиво не е задолжително, настанот цели да ги собере ентузијастите и професионалците заинтересирани за технологија и networking.
Скопското издание на Beer.js има структуриран формат, со три презентери кои обично споделуваат теми поврзани со JavaScript во сесии од 25-30 минути. Сите заинтересирани за предавање можат да не контактираат на [email protected] или на нашите Twitter и Facebook страници.
За прашања во врска со предлози за настан, општи дискусии, спонзорски можности или донации , ве молиме контактирајте нè преку е-маил.
Иако Beer.js има неформална атмосфера, остануваме посветени на Citizen Code of Conduct за да обезбедиме безбедна и инклузивна околина за сите учесници. Сите жалби или кршења на Citizen Code of Conduct треба да бидат пријавени на [email protected].
Секогаш сме отворени за нови поддржувачи и особено ги цениме оние кои се заинтересирани за донации. Преку поддршка на соработка и учење во локалната технолошка заедница, Beer.js, како дел од DeveD иницијативата, цели да создаде позитивно и трајно влијание.
Веб страна
Официјални линкови на социјалните медиуми:
- Twitter - https://twitter.com/BeerjsSk
- Facebook - https://www.facebook.com/beerjsskopje/ -
- YouTube - https://www.youtube.com/channel/UCScyJr3W0-BFCrPW1kLcGmQ
- Instagram - https://www.instagram.com/beer.js.skopje/
- Discord - https://discord.gg/KFwsH7jc