2023 во ретроспектива
По секоја метрика, 2023та беше најпродуктивната година за BeerJS Скопје од нашето основање во 2017. Направивме вкупно осум настани годинава. Четири од нив беа во познатиот (голем) формат, со тоа што внесовме три спикери по настан, наместо дотогашните два. Почнавме и со “0.33” форматот, каде што идејата беше да имаме помалку спикери и понеформален настан без строга агенда. Еден од помалите настaни го направивме и во Охрид, што беше навистина одлично искуство.
Сепак, заради големиот број на заинтересирани спикери, малите настани почнаа да имаат по три спикери и некако линиите помеѓу што е мал и голем настан ни се заматија. Малите настани се значајно помалку работа за тимот, а искуството за публиката и спикерите е речиси исто. Водејќи се од тоа и позитивниот фидбек од публиката, одлучивме default да ни бидат малите (0.33) настани, а големите да ги правиме по 2 пати годишно.
Но, затоа големите настани ќе бидат навистина големи. Планот ни е да бидат во поконференциски формат, со присуство на интернационални спикери и поголем спектар на активности. Имено, за сите што ни побараа работилници низ 2023та, желбата ќе ви се исполни во 2024та.
Како и секогаш, вашето мислење ни значи многу и би биле многу благодарни доколку можете да ја пополните анкетата за фидбек и да ни оставите мислење за нашите планови за 2024.
BeerJS 0.33 vol. 4
Последниот настан годинава навистина беше посебен. Покрај интересните теми, активноста од публика беше на рекордно високо ниво, до толку што моравме да го ограничиме бројот на прашања и време за дискусија. Base42 уште еднаш се покажа како одлично место за овој тип на настани. Како што најавивме и на настанот, соработката со нив продолжува и во 2024та - сите 0.33 настани ќе ги одржуваме таму.
Доколку не бевте во можност да го посетите настанот, сите презентации може да ги погледнете на нашиот YouTube канал.
2023та во бројки
Изразена во бројки, 2023та изгледаше вака за BeerJS Скопје:
- 8 настани
- 20 презентации
- ~18 часа видео материјал
- ~3.500 литри испиено пиво
- ~230 присутни на наголемиот настан годинава
- ~150 просечна посетеност на големите настани
- ~50 просечна посетеност на малите настани
- 4.4 просечна оценка за организацијата
- 4.3 просечна оценка за презентациите
План за 2024
Како и до сега, продолжуваме со сличен волумен на настани, со различна распределба. Моменталната идеја ни е:
- 2 големи BeerJS настани, во уште поголем формат, со повеќе содржини и активности.
- 4 мали BeerJS настани, во познатиот формат - 2 или 3 спикери, неформална атмосфера и без строга агенда. Доколку постои интерес, ќе направиме и повеќе.
Но, исто така, имаме и неколку идеи за нови настани. Инспирирани од BeerJS, но под водство на DeveD, со цел да не се „разводни“ идејата за BeerJS:
- 2х панел дискусии. Hint: доколку бевте на BeerJS 0.33 vol. 4 на презентацијата за HTMX, знаете што може да очекувате. Првата ќе се случи наскоро 😉
- Работилници / Bootcamps. Веќе имаме идеи за теми и предавачи, но доколку имате било какви идеи или предлози, пишете ни на feedback формата.
- Поголем спектар на дигитални содржини - CodePub ќе се трансформира во нешто поголемо и поквалитетно. Имено, идејата е да стане поблизок до медиум отколку podcast. Освен познатиот интервју формат со кој што експериментиравме во 2023та, работиме и на два нови формати кои ќе ги видите во февруари 2024та. Со многу подобра продукција 😉
За крај
Пред се, би сакале да ви се заблагодариме на вас, заедницата околу BeerJS Скопје (и по екстензија, DeveD). Немаше да бидеме каде што сме без вас. Се надеваме дека ќе продолжиме да растеме и да се забавуваме заедно и во 2024та.
Голема благодарност и до сите наши спонзори и партнери за континуираната поддршка на нашите активности.
Секаква критика, фидбек и предлози се добредојдени. Пишете ни на feedback формата.
За секогаш свежи информации поврзани со нашите активности, следете не на Twitter, LinkedIn или Facebook.
Сите наши досегашни настани може да ги погледнете на YouTube (многу сме благодарни за секој subscribe).
Среќни празници и се гледаме на следното пиво! 🍻