BeerJS vol 9 - резултати од анкетата и ретроспектива
Vol. 9 беше одличен почеток на сезоната. Не беше најголемиот по бројност на публиката, ама беше блиску. За тоа сме, пред се, благодарни на вас, публиката. BeerJS постои за вас и за зголемување и подобрување на нашата IT заедница. Активноста и инволвираноста на публиката беше на рекордно ниво, што е мислам дека и најбитната метрика за успех на ваквите настани. Активна публика = добар настан 🍻
BeerJS vol 9. во бројки:
- ~15% се новојдени и не присуствувале на претходно издание на BeerJS. Намалување на новодојдената публика од минатиот пат, што е очекувано.
- Просечната оценката што ја добивме за организацијата на настанот е 4.47 (на скала од 1-5). Имавме технички пропусти како и обично, што ни е и традиција. Се подобруваме генерално, видливо од аудио квалитетот на снимките од настанот. Сеуште активно работиме на подобрување на секој технички детал.
- Просечната оценка за презентациите е 4.08 (на скала од 1-5). Повторно, доколку сакате да ни оставите подетален фидбек, пишете ни некоја од социјалните мрежи или на [email protected].
Одговори на директен фидбек за темите, 3:
Тоа што го почнавме на vol. 7, ќе го продолжиме и овојпат. Директни одговори на фидбек (исфилтриран од одговори како одлични, добри, супер итн ❤️):
Мислење за новото лого / сајт / маички / стикери?
- „Може доста работи да се подобрат околу дизајнот и сајтот, би било интересно и поголм број на различни стикерчиња :)“ - се согласувам, место за подобрување има секогаш. Но, во тимот немаме дизајнери и супер би ни дошол некој.
- „Новите стикери не беа во пакетот на столче поставен?“ - Не, и тоа е директно наш пропуст. Имаше наредено на повеќе места, можеби треба и на столчињата да ставиме. Доколку сакаш, слободно пиши ни и ќе ти доставиме од новите стикери 🍻
- „9/10 (бојата малце ми е невообичаена)“ - малку бевме лимитирани од изборот на бои. Ќе имаме повеќе бои следната тура.
- „Maicite gazat, ama ne saportajte AI, saportnete zhiv choek so dusha sho kje vi skocka dizajn :D“ - И покрај тоа што инспирацијата за новото лого беше изгенерирана од MidJourney, логото го правев лично јас 😄 MidJourney беше искористен како „moodboard“.
- „Поише стикери и маички да има за сит3 што ке постават прашање.“ - Ако направивме пропуст и на некого не му дадовме, се извинуваме најискрено и би ве замолиле да ни пишете - ќе ви доставиме и стикери и маички. Генерално, на настан, воопшто не се срамете да не потсетите дека ви должиме маички. Навистина се трудиме, ама пропусти се неизбежни. Сепак сме мал тим.
Дополнителни коментари околу организацијата
- „Ne beshe kako prethodnoto, malku po mirno i lacking free beers :P“ - се согласувам, ама помирно не е и полошо. Публиката беше поактивна со прашања и за време на презентациите, не само на крај. За пивото, буџетот ни е лимитиран. Тоа што го ограничивме изборот е само за буџетот да „трае“ подолго. Сепак, од наша гледна точка, пивото е nice-to-have. Фокусот на настанот е пред се споделувањето на знаење и дружењето.
- „baterija vo mikrofonot :D“ - не само тоа, на мисла сме и наши микрофони да почнеме да носиме. Монтажа на аудио снимено со постоечките во „Public Room“ не е баш најзабавна работа на светов 😅
Какви теми би сакал(а) да покриеме на следното издание на BeerJS?
- „System design, architecture.“ - Можеби ќе ти се исполни желбата во април 😉
- „Тестинг со јаваскрипт“ - Темава зачести со присуство на фидбек. Имавме една претходно, доколку некој е заинтересиран за нова, inbox-от ни е отворен :)
- „Node in the browser“ - ако мислиш WebContainers или нешто слично, навистина би било кул да се види.
- „Gaming“ - само што имавме една, отворени сме за уште 😄
- „Znam deka js e vo imeto, ama bi bilo ubavo ako ima itemi sto ne se fokusirani na js, tuku i opsto na tehnologijata“ - за генерални теми за технологија можеме да имаме и други настани, основани и водени од други луѓе / тимови. Би биле повеќе од среќни доколку можеме да поддржиме настани за технологии на други теми. Не сме голем тим и не можеме да направиме се, но тука сме за секаква поддршка на други идеи и настани.
- „React server components“ - ова и јас лично би сакал да го видам 🍻
- „Повторно би било интересно да има некое предавање што ќе опфати некоја библиотека за JS како three.js и да се прикажат некои интересни проекти…“ - 🍻
- „AWS, React Server Components, Solid.js“ - RSC одговорено под (6), Solid.js и јас би сакал да видам многу (зошто мислам дека е една од најдобрите новости во webdev денес), AWS - доброволци?
- „Mobile app dev“ - многу би сакал да видам нешто поврзано со Tauri или Expo и јас 🍻
- „design system libraries comparison“ - кул идеја 🍻
Vol. 9 беше одличен почеток на годината. Ентузијазмот и активноста на публиката беа одлични! Би сакал јавно да им се заблагодарам на сите од тимот, завршија одлична работа како и секогаш. BeerJS е пред се, отворен и непрофитен настан за заедницата. Како таков, доколку некој сака да помогне, отворени сме за било кој што сака да помогне и да учествува во реализацијата на настанот. Ако тоа ви звучи интересно, пишете ни на [email protected].
PS: Слики од настанот —> click here