🗓️ 2022-10-17

BeerJS vol 7 - резултати од анкетата и ретроспектива

Втор BeerJS годинава и вторпат надминат рекорд. На BeerJS vol. 7 избројавме околу ~160 присутни! Што е секако одличен мотив за да продолжиме со повеќе BeerJS и различни формати (подетално за тоа наскоро 😉).

BeerJS vol 7. во бројки:

  • 17.6% се новојдени и не присуствувале на претходно издание на BeerJS.
  • Просечната оценката што ја добивме за организацијата на настанот е 4.5 (на скала од 1-5). Најголем број поплаки имаше околу аудио квалитетот што објективно и не беше на некое завидно ниво. Ќе треба да се потрудиме повеќе на темата - очигледно е и од видео снимките дека не си ја завршивме добро работата. Во контекст на просторот - се согласуваме дека станува кнап. Имаме потенцијално решение, новости наскоро.
  • Просечната оценка за презентациите е 4.06 (на скала од 1-5). Како за промена на формат, мислам дека поминавме добро. Повторно, доколку сакате да ни оставите подетален фидбек, пишете ни некоја од социјалните мрежи или на [email protected].

Одговори на директен фидбек за темите

Со цел да одговориме на публиката и да останеме транспарентни, почнувајќи од овој BeerJS, ќе пишуваме одговори на секој директен фидбек во врска со темите. Бидејќи немаме друга идеја како да одговориме на фидбек даден анонимно (приватноста ни е света, не собираме и нема да собираме никакви лични податоци), ќе го напишеме јавно:

  • “programerski, poopsti, less related around libs and more around general problem solving” - и ние би сакале да ги видиме. Сепак, спикери тешко се наоѓаат. Доколку некој сака да зборува на некоја погенерална тема, исконтактирајте не.
  • “Sakam da slushnam bilo shto povrzano so JS” - и ние 🍻.
  • “Node.js, Nest.js, Typescript” - fun fact - ќе имаме презентација за едно од најбројаниве. Маичка за кој ќе погоди 😉
  • “Mozebi malku poveke da se obrne vnimanie i na pocetnicite ? Nekoi sto bi sakale da doznaat nacinot na rabota i sto e najveke potrebno da se obrne vnimanie koga stanuva zbor JS, mozebi ?” - ова е една од оние работи што мене лично, со денови ме прогонуваа откако го прочитав. Не сум сигурен како би можеле презентациски формат да го доближиме до почетничката публика повеќе и интерно разговаравме неколку пати на темата. Ќе пробаме со нов тип на настан за таа цел, наменет специфично за почетничката публика наскоро.
  • “Nodejs!” - и ние 🍻. Секако, освен со подмитување во пиво и маички, друг механизам немам за да натерам некого да презентира. Anyone?
  • “VueJS” - работиме на темата. Ако не ми се пријави никој до Мај, јас ќе одржам една. И да, закана е, пишувам React претежно 😅 Ако не сакате некој да ја искасапи темата од некомпетентност, сега ви е шансата 😆
  • “TypeScript, Deno, AWS, Backend, NodeJS” - Deno посебно би сакал да го видам лично. Не познавам некој што работи или експериментира со Deno, па ако познавате некој, слободно пратете го кај нас. Што се однесува до backend теми, да, се согласувам дека треба да се позастапени. Сепак, не одлучуваме ние на кои теми ќе предаваат спикерите што ги наоѓаме.
  • https://bun.sh/ , функционално програмирање, напредни работи у Typescript” - preach 🍻. Подолго време не сме имале нешто функционално, би било фино освежување. Да се пријави некој што знае да објасни што е monad? 😅

Vol. 7 ни беше потврда за интересот на публиката со оглед на тоа дека настанот беше со посетеноста со која што беше. Би сакал јавно да им се заблагодарам на сите од тимот. Имаме и нови лица во тимот - очекувајте објава наскоро. BeerJS е пред се, отворен и непрофитен настан за заедницата. Како таков, доколку некој сака да помогне, отворени сме за било кој што сака да помогне и да учествува во реализацијата на настанот. Ако тоа ви звучи интересно, пишете ни на [email protected].

PS: Слики од настанот —> click here