🗓️ 2019-12-19

BeerJS vol 5 - резултати од анкетата и ретроспектива

Со наближувањето на празниците, се околу нас има тенденција да успори. И BeerJS не е имун (не дека сме којзнае колку ефикасни инаку). Резултати од анкетата, после „пеглање“:

  • Дури 62.5% новодoјдени. Импресивно, или можеби мал sample size? Од околу 100ина присутни, што е патем најголемата бројка до сега, анкетата ја пополнија 20ина. Note to self: кригла пиво за пополнета анкета?
  • Организацијата ја оценија со 4.8. Не сме сигурни дека ја заслуживме, но благодарни сме како и да е. Имаше многу коментари околу просторот, дека беше преполно. Комплетно на место, и ја прифаќаме критиката. Следниот пат ќе најдеме поголем простор. Стикери имавме. Имаме и вишок, ако сака некој екстра. Пишете ни слободно :)
  • Просечната оценка на презентациите е 4.65 (на скала од 1-5).

Што се однесува до желбите за теми на следни изданија: Vue е најконзистентно бараната тема до сега. Што ме тера да се прашувам - има ли некој што работи Vue и што сака да одржи презентација? Pretty please? Частиме пиво!

Освен тоа: Node, IoT & Networks, WASM, GraphQL, VR/AR, Testing (имавме веќе едно). Како и обично, секој заинтересиран за презентација нека не исконтактира на [email protected]. Секоја идеја е добредојдена, почетници се исто така добредојдени.


Малку подетално за Vol. 5

Vol. 5 беше различен од сите претходни, барем за нас од организација. Конечно сме повеќе, дури 4ца овојпат. Голема благодарност до Дина, Стојан и Димитар. Со нивна помош, организацијата одеше многу полесно и се беше спремно на време. Немаше трчање во „5 до 12“ како на сите претходни. Голема благодарност и до Благица. Некако спонтано стана официјален камерман на BeerJS, и супер си ја врши работата до сега.

И покрај се, sometimes life gives you lemons. Имено, вториот спикер, оправдано не беше во можност да ја одржи презентацијата. Затоа моравме да правиме промени саати пред да почне настанот и ни снемуваше идеи за како да го изведеме тоа. За среќа, Александар имаше и втора презентација (случајно), па завршивме работа. Фала Александар, по 100ти пат! Заслужено, како и да е :)

Имаме во план нови содржини и конечно реализирање на епскиот newsletter, што се влече како идеја од Vol. 2. Stay tuned 🍺

PS: Слики од настанот —> click here