BeerJS vol 3 - резултати од анкетата
Последниве две недели пуштивме анкета за фидбек за BeerJS vol 3. Добивме 20ина одговори, што е околу четвртина од вкупното присуство. Уште еднаш, голема благодарност до сите што одвоија време да ја пополнат. Со малку „чистење“ и класификација, резултатите се:
- 66.7% биле претходно на Beer.JS, 33.3% им е првпат. Што значи (wishful thinking), дека растеме :D
- Организацијата ни ја оценија со 4.1 (на скала од 1-5). Очекувавме многу помалку, па и ова е супер. Лекцијата тука е дека нештата изгледаат многу различно од страна на публиката и од страна на организација.
- Просечната оценка на презентациите е 4 (исто на скала од 1-5). Честа поплака беа техничките проблеми околу звукот. Факт, можевме многу подобро и ќе го направиме подобро идниот пат.
Околу тоа какви теми би сакале да покриеме понатаму, имаше многу различни одговори за да може да се сумираат во статистика. Сепак, генералното барање беше новости и технологии што не се толку популарни кај нас (Vue.js беше еден од интересните примери). Ќе се потрудиме да бидат покриени во BeerJS vol. 4. Повеќе за тоа, наскоро :)