🗓️ 2023-05-05

BeerJS vol 10 - резултати од анкетата и ретроспектива

Vol. 10 „растури“ на неколку нивоа. Убедливо најголем по посетеност (не броиме веќе официјално, ама очигледно беше.). Браво за заедницата, навистина сме многу благодарни за поддршката и учеството. Публиката повторно беше многу активна. Имаше повеќе прашања од што имавме можност да дозволиме да се постават, заради временските рамки. Имаме неколку идеи како да го подобриме ова, ќе експериментираме малку со ова на следните настани.

BeerJS vol 10. во бројки:

  • ~13% се новојдени и не присуствувале на претходно издание на BeerJS. Намалување на новодојдената публика од минатиот пат, што е очекувано.
  • Просечната оценката што ја добивме за организацијата на настанот е 4.51 (на скала од 1-5). Поголеми технички проблеми, за среќа немаше. Големиот исклучок е аудиото позади, за кое што ќе пишувам подетално подолу.
  • Просечната оценка за презентациите е 4.48 (на скала од 1-5). Повторно, доколку сакате да ни оставите подетален фидбек, пишете ни некоја од социјалните мрежи или на hello@beerjs.mk.

Одговори на директен фидбек за темите, 3:

Тоа што го почнавме на vol. 7, ќе го продолжиме и овојпат. Директни одговори на фидбек (исфилтриран од одговори како одлични, добри, супер итн ❤️):

Дополнителни коментари околу организацијата

  1. „Поради поголемиот број на посетители во отворениот дел, од задните редови се правеше доста галама и беше тешко да се следат презентациите. Исто така, поради големиот интерес и многубројните прашања, посетителите изгубија внимание до третата презентација, можеби би било подобро да се врати форматот со две презентации со цел да се задржи вниманието на присутните до крај“ - Двете забелешки мислам дека се фер. Во однос на галамата, пробувавме. Дел од тимот на BeerJS беше позади, но не можевме да го контролираме тоа. Ќе се потрудиме да го подобриме тоа на следните настани. Делумно проблемот е и каква е салата. Обично, тие што се заинтересирани за дружење, одат на терасата кога сме во cozy room. Во оваа ситуација, за жал, сите сме на едно место. Во однос на траењето, тоа е наша вина. Лично, не мислам дека бројот на презентации е проблем колку што е траењето, т.е. нашата „лабавост“ на темата. Имено, официјалното траење на презентациите е 25 минути + прашања. Како што можете да заклучите по видеата, често одат и до 60+ минути само презентациите. Дефинитивно ќе бидеме построги на темата почнувајќи од наредниот.
  2. „BeerJS беше подобро организирана според мене, најмногу се должи зошто беше во зарворен простор и мислам дека имаше повеќе место предходниот пат него ли сега.“ - Мислам дека двете имаат предности и недостатоци. Минатиот пат имаше повеќе место заради тоа што имаше и помалку публика. Настанот е сепак отворен, но ќе видиме што можеме да направиме за бројките. Доколку сметате дека регистрација за настанот е добра идеја, ве молам да ни пишете.
  3. „Све беше супер организирано. Можеби температурите уште не беа за надвор да го изнесеме настанот али сума сумарум супер поминавме.“ - Благодариме на убавите зборови! Температурите дефинитивно не беа за надвор кон крај на настанот, ќе го земеме тоа во предвид за наредниот пат.
  4. „Малку да се поработи можеби на времетраењето на презентациите и за да се задржи вниманието на слушателите, можеби може да бидат истите малку поинтерактивни?“ - Потполно се согласувам за должината на презентациите. Што се однесува до интерактивноста, тоа најмногу зависи од презентерите. Ние секако ќе им го напоменеме ова 😉
  5. „Сметам дека подобро би било да има 2 спикери, со оглед на тоа дека презентациите им траат по скоро еден час, а доколку се скрати времето за некоја презентација, нема да биде толку добро презентирана. Во задните редови кај масите не се слушаше ништо поради големиот број на луѓе кои си разговараа меѓусебно и не ја ни следеа презентацијата.“ - Ова е речиси исто како 1, одговорот е ист 🍻
  6. „Publikata kulturno da se opomenuva za smeenje/vikanje i slicno,dodeka traat prezentaciite“ - ќе одиме и на некултурно ако продолжи да се случува 😄
  7. „Malku ladno haha“ - рано за надвор, следниот пат ќе почнеме подоцна со настани на отворено 😅
  8. „Super beshe, samo kodot se gledashe malce poslabo“ - се согласувам. Видиливо беше до кај што беа столчињата и ништо не се гледаше позади. Можеби платно или монитори и позади наредниот пат, ќе најдеме решение.
  9. „Malku pojako ozvucenje pozadi stolcinjata, megutoa ne bese loso i sega“ - ќе го решиме озвучувањето подобро идниот пат, имаме идеи.
  10. „Mozese organizatorot da reagira dodeka bese prvata prezentacija za galamata sto doagjase od pozadi“ - реагираше, само немаше ефект. Едиствено не кажав на микрофон директ да прекинат, што мислам дека не е баш најдобра идеја, особено кога спикерот е активен. Во секој случај, ќе најдеме начин да го подобриме и ова.
  11. „pпремногу галама во задните редови. можеби подобра просторна сепарација на следачи на презентацијата и на тие што се таму за нетворкинг и дружба“ - се согласувам 100% за поделбата. Како што напишав и погоре, cozy room беше одличен за ова, на отворено е поинаку. Ќе смислиме нешто.
  12. „da ima dovolno mesto site da sedat“ - местата за седење се пред се лимитирани од локацијата што ја имаме за настанот. Освен ако не најдеме подобра и поголема сала, тешко е да се подобри. Фундаментално, проблемот е што полека преминуваме во конференциски формат, што отвара сосема друг сет на проблеми од организирање на „неформален meetup“.

Какви теми би сакал(а) да покриеме на следното издание на BeerJS?

  1. „Повторно ќе ја спомнам темата од минатата анкета а тоа е MOBILE APP DEVELOPMENT!“ - Искрено, и јас би сакал да видам. Немам буквално ниеден заинтересиран за нешто вакво, би те замолил да ми предложиш некој за ова. Би бил повеќе од среќен да го/ја поканиме на vol. 11 🍻
  2. „Повеќе бекенд теми во следни изданија / Node“ - Зачестивме со backend генерално. Ќе бараме повеќе 😄
  3. „Game development in Javascript“ - Забавни се. Марио минатиот пат направи одлична презентација. Ќе се обидам да најдам некој за оваа тема.
  4. „некоја devops тема, cloud, nodejs design patterns“ - Имаше нешто на 10ка, ќе има нешто и на 11ка. И ќе побараме уште 🍻
  5. „повеќе бекенд теми“ - затоа што гледам дека се повторува, би сакал да ве поканам да одржите по една, сите што оставивте фидбек од овој тип. DMs open 😄
  6. „Monorepo,NX Console“ - тешко за обработка во презентациски формат мислам, ама ќе видиме што можеме да направиме 🍻
  7. „Testing, more of three.js“ - well, на 11ка ќе има нешто за тебе 😉
  8. „Bi sakal da vidam developer koj razviva svoe library ili api“ - И јас! Ако знаеш некој, слободно прати го накај нас. Можеби треба да донесеме некој од надвор за темава 🤔
  9. „Storybook, Whitelabeling a React app“ - storybook дефинитивно, убава тема. За whitelabeling мислам дека е нешто што е посоодветно на workshop?
  10. „TypeScript, React.js podetalno, useQuery() nasproti useEffect(), Next.js“ - 🍻
  11. „React Server Components“ - би било многу добро, особено затоа што има многу контроверзии и твитер драма на темава.
  12. „Можда повеќе бекенд.“ - see 5 😉
  13. „архитектури (пр. clean architecture), the n+1 problem, short war stories“ - добри идеи, посебно интересно ми звучи short war stories…

The elephant in the room - времето и должината на презентациите

Често се повторува низ анкетите дека публиката се уморува заради бројот / траењето на презентациите. Се согласувам за траењето потполно. За бројот на презентации, не толку многу. Сепак, форматот е 3 х 25 (+5) на „хартија“, што се преведува во активно време од ~90ина минути. Моментално, презентациите ни одземаат и по 60 минути. Планот е во иднина да бидеме многу построги со дозволеното време за презентација. Доколку сеуште изгледа долго, ќе размислиме да го намалиме и бројот на презентации.

Другиот elephant in the room - големината на настанот (тука е и делот за аудио, за тие што го бараат 😉)

BeerJS Скопје не престана да расте, и покрај нашите најдобри напори да го задржиме настанот во meetup формат. Мислам дека е време да разговараме малку подлабоко на темава. Ќе напишам блог пост за ова наскоро, со покана за отворена дискусија.

На кратко:

  • Преминуваме во конференција се повеќе
  • Логистиката на конференции е многу поинаква од логистиката за meetup
  • Мал тим сме и ако сакаме да имаме „стегнат“ event на толкава броја на посетители, мораме да пораснеме, за да избегнеме недисциплинирани посетители, да имаме подобро аудио и подобар квалитет генерално
  • Една од импликациите на сево ова се финасиите

Во меѓувреме, пред да го објавам написот и поканата за дискусија, би ве поканил на нашиот discord сервер, за секакви коментари и идеи на темава.


Vol. 10 беше одлично продолжение на добриот почеток на годинава. Ентузијазмот и активноста на публиката беа одлични! Би сакал јавно да им се заблагодарам на сите од тимот, завршија одлична работа како и секогаш. BeerJS е пред се, отворен и непрофитен настан за заедницата. Како таков, доколку некој сака да помогне, отворени сме за било кој што сака да помогне и да учествува во реализацијата на настанот. Ако тоа ви звучи интересно, пишете ни на hello@beerjs.mk.

Доколку сте во можност и имате желба, можете да ја поддржите нашата работа со мала донација.

PS: Слики од настанот —> click here