BeerJS 32
Beer.js 32 - 29-ти октомври, во „Base42“. Почеток во 18:00 часот.

Презентации
I Woke Up and I was no longer writing my code - Димитар Делев
Од речиси никакво користење AI, стигнав до тоа агенти да го извршуваат најголемиот дел од имплементацијата. Мојата улога се промени од пишување код во насочување и прегледување на кодот.
Како што сè повеќе се потпирав на AI при пишувањето код, почнав да чувствувам дека постепено ја губам способноста за програмирање — не затоа што престанав да градам работи, туку затоа што самиот пишував помалку код, помалку вежбав решавање проблеми и сè повеќе зависев од AI да размислува наместо мене. Оваа промена ме натера да го преиспитам мојот идентитет како девелопер.
Во оваа презентација ќе го споделам моето искуство со развојот на софтвер со AI, практичните предизвици со кои се соочив и како ја преосмислувам мојата улога како девелопер.
Hallucinating Buttons: A Generative UI Story - Александар Атанасов
Еден LLM ми го дизајнираше корисничкиот интерфејс и измисли копчиња што не прават ништо. Ова е приказната за градење генеративен UI во JS: од халуциниран хаос до типизирани компоненти, валидација на шеми и стриминг, и кога сето тоа навистина вреди. Не е потребно претходно познавање на AI.
Swag

Се гледаме на 29-ти 🍻