За настанот
Што е BeerJS?
BeerJS e собир наменет за ентузијасти за пиво и JavaScript. Сите се добредојдени! Пиење пиво, и покрај тоа што е во насловот, не е задолжително за учество :)
Настанот нема официјален формат. Скопската гранка на BeerJS има три презентации по настан, со теми што се барем некако поврзани со JavaScript, во траење од 25-30 минути. Пријавувањето за презентирање на настанот е едноставно - слободно исконтактирајте не на hello@beerjs.mk или на некоја од социјалните мрежи.
Предлози околу настанот, генерални дискусии, интерес за спонзорства, донации во пиво - на горенаведениот мејл или со креирање на нов issue на github.
И покрај неофицијалниот карактер на настанот, BeerJS има едно официјално правило: придржување до Citizen Code of Conduct. Поплаки во врска со истото на hello@beerjs.mk.
Отворени сме за нови поддржувачи во секое време, особено ако се заинтересирани за донации во форма на пиво! :)
Кој го организира BeerJS Скопје?
BeerJS Скопје е организиран од DeveD.
Како можам присуствувам или да се придружам?
BeerJS е отворен и бесплатен настан. Нема потреба од регистрации, пријави и сл. Едноставно дојдете на настанот :)
Доколку сакате да учествувате поинаку, како презентер, волонтер или слично, клик тука.