За настанот


#about | #article

11.06.2017

Beer.js e собир наменет за ентузијасти за пиво и JavaScript. Сите се добредојдени! Пиење пиво, и покрај тоа што е во насловот, не е задолжително за учество :)

Настанот нема официјален формат. Скопската варијанта на beer.js се обидува (за сега) да има два презентери, со теми што се барем некако поврзани со JavaScript, во траење од 30-40 минути. Остатокот од настанот е дружење и дискусии околу JavaScript. Пријавувањето за презентирање на настанот е едноставно - слободно исконтактирајте не на hello@mail.beerjs.mk или на некоја од социјалните мрежи.

Предлози околу настанот, генерални дискусии, интерес за спонзорства, донации во пиво - на горенаведениот мејл или со креирање на нов issue на github.

И покрај неофицијалниот карактер на настанот, beer.js има едно официјално правило: придржување до Citizen Code of Conduct. Поплаки во врска со истото на hello@mail.beerjs.mk.

Пријатели на настанот

Отворени сме за нови поддржувачи во секое време, особено ако се заинтересирани за донации во форма на пиво! :)

Extra credit:


hello@mail.beerjs.mk | | | | | Newsletter