За настанот

11.06.20172 Min Read — In meta

Beer.js e собир наменет за ентузијасти за пиво и JavaScript. Сите се добредојдени! Пиење пиво, и покрај тоа што е во насловот, не е задолжително за учество :)

Настанот нема официјален формат. Скопската варијанта на beer.js се обидува (за сега) да има три презентери, со теми што се барем некако поврзани со JavaScript, во траење од 25-30 минути. Остатокот од настанот е дружење и дискусии околу JavaScript. Пријавувањето за презентирање на настанот е едноставно - слободно исконтактирајте не на hello@beerjs.mk или на некоја од социјалните мрежи.

Предлози околу настанот, генерални дискусии, интерес за спонзорства, донации во пиво - на горенаведениот мејл или со креирање на нов issue на github.

И покрај неофицијалниот карактер на настанот, beer.js има едно официјално правило: придржување до Citizen Code of Conduct. Поплаки во врска со истото на hello@beerjs.mk.

Пријатели на настанот

Отворени сме за нови поддржувачи во секое време, особено ако се заинтересирани за донации во форма на пиво! :)

Extra credit:

  • beerjs meta - од каде почнува настанот, како до свој beer.js
  • beerjs.mk - source на страницава (PRs и пријави за багови се добредојдени!)