Vol 7 - видеа и слајдови

14.10.20224 Min Read — In events

Веќе втор настан годинава што успеа да собере над 160 присутни во Public Room (секоја чест на персоналот за највисокото ниво на професионализам)! Немаме зборови дечки, најдобри сте. Интересот за овие настани нѝ дава мотив за организирање уште повеќе настани. Некому екстра спикер да не му се наоѓа патем? 😉 Контактирајте слободно на hello@beerjs.mk. Имаме стикери, маички, пиво да понудиме за возврат.

Уште една потврда за жедта за знаење (и пиво) на публиката се над 150 литри испиено пиво. Сериозно добро завршена работа од ваша страна, нема што! Се надевамe дека не управувавте со тешка машинерија по настанот. Овојпат, Мелон нѝ излегоа во пресрет и нѐ поддржаа во реализацијата на настанот за што сме им многу благодарни. Следниот пат, ќе обезбедиме уште повеќе пиво (дали беше доволно ладно? Вашиот фидбек нѝ е многу битен).

Со нов формат и првиот интернационален спикер, се надеваме дека ги задоволивме вашите очекувања. И ние учиме од секој нов настан - се со цел на споделување знаење и развој на локалната IT заедница. Супер е и она што почнавме да го нарекуваме "тераса track" - не секоја презентација ќе им се допадне на сите. Пивото сосема океј се пие и на тераса - нови познанства и размена на идеи се секако во склоп на настанот. И во ова издание обезбедивме (сѐ уште wonky) пренос во живо и им благодариме на оние четворицата што го следеа – маички за вас на следниот настан (под претпоставка дека ќе се пријавите)!

Од технички проблеми, аудиото ни е ужасно овојпат. Се слуша презентацијата, ама има квалитет на AM радио од рани 70ти. Доколку слушате преку неколку планини 😅 Имаме план и за тоа сепак, stay tuned.

Патем, имаме и Discord server. За сите што сакаат повеќе BeerJS во животот, клик тука.

1. React native - new architecture - Блаже Петров

Видео:

🔗 YouTube

Слајдови

🔗 PPTX

2. The favorite beers of the people at Beer.js - Андреј Ацевски

Видео:

🔗 YouTube

Слајдови:

🔗 Pitch

3. Don't reinvent the wheel - use semantic elements - Kristian Djaković

Видео:

🔗 YouTube

Слајдови:

🔗 PDF

Feedback

За сите што сакаат да се пожалат од настанот или да го пофалат: https://forms.gle/XhV5JxvRdMHiYxmYA (нема да ви одземе повеќе од 2 минути и многу го цениме фидбекот!)

Слики од настанот

Важно: Можеби не сме завршиле со активностите за годинава, следете нѐ на социјалните мрежи за повеќе информации. 😊