BeerJS vol 8 - резултати од анкетата и ретроспектива

28.12.20227 Min Read — In blog

За првпат во историјата на BeerJS Скопје, успеавме да направиме три настани во една година. За тоа сме, пред се, благодарни на вас, публиката. BeerJS постои за вас и за зголемување и подобрување на нашата IT заедница. После vol 8, решивме дека веќе нема да броиме присуство. Успеваме да ја наполниме cozy room конзистентно и мислам дека веќе нема бенефит од броењето. Идејата е валидирана, публиката сака вакви настани. Секако, ние сме повеќе од среќни да продолжиме да ги организираме.

BeerJS vol 8. во бројки:

  • ~30% се новојдени и не присуствувале на претходно издание на BeerJS. Лично, многу сум изненаден од бројкава. Очекував намалување на новодојдена публика. Драго ми е што не бев во право.
  • Просечната оценката што ја добивме за организацијата на настанот е 4.76 (на скала од 1-5). Аудиото го подобривме, особено на преносот на YouTube и на снимките. И покрај техничките проблеми, генерално сме задоволни со резултатот. Како за првпат, со нов сетап и експериментирање околу истиот. Сепак, добивме правец и знаеме како до уште подобро аудио следниот пат. Публиката се согласува со нас на темава - повеќе од 90% одговорија дека аудио квалитетот е подобрен.
  • На тема пренос во живо - камерата ни заспиваше. Ќе се погрижиме следниот пат да не го прави тоа. Сепак, стримот и видеата се во голем дел зачувани (и веќе достапни на нашиот YouTube канал).
  • Просечната оценка за презентациите е 4.33 (на скала од 1-5). Повторно, доколку сакате да ни оставите подетален фидбек, пишете ни некоја од социјалните мрежи или на hello@beerjs.mk.

Одговори на директен фидбек за темите, 2:

Тоа што го почнавме на vol. 7, ќе го продолжиме и овојпат. Директни одговори на фидбек:

Дополнителни коментари околу организацијата

  1. „По кратки презентации, немаат луѓе концентрација навечер толку“ - океј, фер, ама не сум сигурен дали би имале смисла со помалце од 25 минути. Ама секако ќе бидеме построги со прашањата понатаму.
  2. „Братот што го правеше live stream-от да биде поактивен кон одржување на камерата будна.“ - пробуваше и сите пробувавме. Проблемот е што има милион ситници на кои што сите внимаваме, лесно е нешто да се пропушти. Особено кога прв пат пробуваш со нова камера.
  3. „да се тргнат масите од позади за седење пошо многу галама имаше и беше тешко за слушање и следење“ - ќе видиме што можеме. Делумно е можеби решливо со зголемување на гласот на звучниците позади. За комфорот, ќе видиме дали може со подобар распоред.
  4. „Mala zabeleleshka e okolu svetlata sto doagjaat od strana na binata ponekogas poradi toa svetlo ne se gleda cisto prezentacijata. Moj sovet da bide osvetlena samo binata od reflektori no ne i obicnite svetla osven ako ne se prigusheni“ - фер и прифатено. Не сме посебно писмени за осветлување на сцена, очигледно 😅
  5. „evreything was good“ - ❤️
  6. „Ne snema pivo do krajot 🙌“ - 🍻 И нас ни е посебно задоволство што беше така. Ќе се потрудиме и за понатаму, ама навистина публиката ни е составена од сериозни пијачи. Не можеме да ветиме ништо 😅
  7. „Discord линкот ви беше истечен на еден од QR кодовите што ги скенирав“ - 🙈 стар ни беше изгенерираниот код, се извинуваме. За сите што сакаат да се приклучат, еве тазе линк 👉 https://discord.gg/sxNCQmA7aP (овој не истекува).
  8. „samo napred“ - ❤️
  9. „Дечките беа супер, не знам кои беа по има ама третиот многу добро збореше, штета што за свагер не знам многу а сакав да го прашам нешто, се надевам дека ќе го слушаме и понатака. Првиот исто така беше добар. Вториот го испуштив почетокот, на цигара бев хахаха“ - 🍻

Какви теми би сакал(а) да покриеме на следното издание на BeerJS?

  1. „NextJS, Angular 14/15 standalone components“ - за Angular имаме нешто подоцна во 2023. За Next и јас би сакал да видам презентација.
  2. „SSG & SSR & Minimal JS sites“ - Не на BeerJS, ама на WP meetup ќе одржам презентација на тема слична на таа 👉 https://www.meetup.com/skopje-wordpress-meetup/events/290463591/. Би било супер и на BeerJS да видиме нешто слично.
  3. „Nesto okolu testiranje za promena, bidejki backend promenava dojde super“ - Имавме една претходно 👉 https://www.youtube.com/watch?v=adqTokroK5A. Секако, би било супер да видиме и нови.
  4. „Da ima povekje backend dev prezentacii isto kako ovoj.“ - океј, од сега по две маички за backend презентација? 😅
  5. „Vue.js“ - да, и јас би сакал. И си стојам на заканата од минатиот пат. Доколку никој не се пријави до мај, јас ќе одржам презентација за Vue. Појма немам од Vue, патем 😆
  6. „recil as state management (можеби јас би се пробал како презетер)“ - Да, апсолутно за темата и те молам пиши ни на hello@beerjs.mk. Анкетата е анонимна, не собираме никакви податоци од тие што ја пополнуваат (мејлот Google ви го има само, за идентификување - ние не го гледаме).
  7. „Full Stack, AI“ - Full stack ни фали, се согласувам. Можеби едно такво издание наредната година? За AI имавме две до сега, изненадувачки:

    1. https://www.youtube.com/watch?v=tJLIzsR9QZI
    2. https://www.youtube.com/watch?v=uC0O-60nGYU
  8. „Hands on na mikro tema(do 200 linii code), firmat od 30+ min“ - Stay tuned. Имаме нешто во план на темава 😉
  9. „Best practices, principles, architecture design patterns.. Svelte? :)“ - Интересна тема. Не знаев дека се користи кај нас, би било супер некој што ја знае проблематиката да се пријави. Имаме маички и пиво за надомест 🍻
  10. „Golang“ - не сум сигурен колку е релевантен на JavaScript екосистемот директно, но би прифатил презентација доколку е барем на тангента поврзана со JavaScript.
  11. „Astro“ - Што пиеш за муабетов? 🍻 Кога сме на темата 👉 https://www.meetup.com/skopje-wordpress-meetup/events/290463591/. Се надевам дека и на BeerJS ќе видиме нешто за Astro. А да, „stay tuned“, три точки погоре, моооожеби има нешто со Astro 😉
  12. „tauri“ - И јас би сакал да видам. Кратко го користев, многу ми се допаѓа.
  13. „Angular , web performance and optimizations“ - See 1 за Angular. За другиве, во секое време, само ни треба презентер и желба 😉

Vol. 8 беше, по мене, најдобриот BeerJS до сега. Посебно заради ентузијазмот и активноста на публиката. Би сакал јавно да им се заблагодарам на сите од тимот, завршија одлична работа како и секогаш. BeerJS е пред се, отворен и непрофитен настан за заедницата. Како таков, доколку некој сака да помогне, отворени сме за било кој што сака да помогне и да учествува во реализацијата на настанот. Ако тоа ви звучи интересно, пишете ни на hello@beerjs.mk.

PS: Слики од настанот --> click here