BeerJS vol 4 - резултати од анкетата

07.12.20181 Min Read — In blog

Уште еден beer.js - уште една анкета. Резултатите беа подобри од минатиот пат, а и ние сме позадоволни од тоа како се одвиваа работите. Голема благодарност до сите што одвоија време да ја пополнат. „Испегланите“ резултати се:

  • 61.9% биле претходно на Beer.JS, 38.1% им е првпат. Показател дека растеме повеќе (споредено со минатиот пат)? Still wishful thinking :)
  • Овојпат, не оценија со 4.6 (просек) за организација. Никој не се пожали за аудио. СИТЕ СЕ ПОЖАЛИЈА ЗА СТИКЕРИ, we get it. Жал ни е, ќе има стикери идниот пат. Патем, за сите што сакаат стикери порано - social media, hello@mail.beerjs.mk или димни сигнали. Ping us ;)
  • Просечната оценка на презентациите е 4.4 (на скала од 1-5).

Повторно добивме големо „шаренило“ од желби за теми што публиката сака да ги покриеме на следниот beer.js - vue.js, graphql, react hooks, node.js / server-side js, functional programming, reactive programming, 2019 trends, PWAs. Како и минатиот пат, повелете со предлог за презентација - отворени сме за нови спикери постојано. Cheers! 🍺